Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона објави попладнево дека тренерот на Б екипата на каталонскиот клуб Серхи Бархуан привремено ќе го преземе водењето на првата екипа.
Серхи Бархуан, актуелниот тренер на Барса Б, привремено ќе ја преземе одговорноста за техничкото водство на првата екипа. Неговиот ангажман со првата екипа ќе заврши кога клубот ќе потпише договор со нов тренер по отпуштањето на Роналд Куман, се наведува во соопштението на Барселона.
Холанѓанецот Куман доби отказ вчеравечер по серијата слаби резултати, која кулминираше со поразот од 1-0 на гостувањето кај мадридски Рајо Ваљекано.
Според шпанските медиуми, најголем фаворит за тренерското место во Барселона е поранешната клупска легенда Чави Ернандез, кој во моментов е тренер на катарски Ал Сад.
OhridNews