Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди го најави триумфот на Леванте (2-1) на гостински терен кај Реал Сосиедад во рамките од 10-та рунда во Ла лига.
Фудбалерот за врска противничката мрежа ја погоди со лоб удар во стилот на Лионел Меси во 24-та минута. Барди со погодокот ја круниса тимската акција во која учествуваа неколку фудбалери. Леванте до крајот на полувреме ја зголеми предноста со голот на Борја Мајорал. Во вториот дел, Реал Сосиедад постигна само еден погодок и успеа да го ублажи поразот на домашен терен.
Леванте со трите бодови ќе се зацврсти во средината од табелата и за сега ќе избега од опасната зона.
OhridNews