Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди на најдобар начин го прослави јубилејниот 100-ти настап за Леванте, откако беше двоен стрелец во триумфот над Селта 3-2.
Барди со петтиот и шестиот гол сезонава му донесе предност од 2-0 на Леванте. Домаќините успеаја да се вратат во игра и израмнат на 2-2, но гостите со гол во финишот ја осигураа победа.
Барди втор меч во серија се запиша во листата на стрелци, со што ја потврди маестралната форма. До крајот на шпанскиот шампионат има уште една рунда.
OhridNews