Екипата на Леванте во која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди на една рунда од крајот од Ла лига обезбеди и теоретски опстанок во шпанската фудбалска лига.

Токму нашиот фудбалер беше творец на победата на гостувањето кај Жирона (2-1) која им обезбеди нова сезона во шпанската Примера. Барди за 2-1 погоди во 86-та минута, а екипата ја задржа предноста и избегна неизвесност во последната рунда.

Ранг подолу се преселуваат Хуеска, Рајо Ваљекано и Жирона а во последната рунда неизвесност ќе има само за четвртата позиција која води во ЛШ.

Резултати: Атлетик Билбао – Селта Виго 3-1, Атлетико Мадрид – Севиља 1-1, Легањес – Еспањол 0-2, Валенсија – Алавес 3-1, Виљареал – Еибар 1-0, Барселона – Гетафе 2-0, Жирона – Леванте 1-2, Рајо Ваљекано – Реал Ваљадолид 1-3, Бетис – Хуеска 1-1, Реал Сосиедад – Реал Мадрид 3-1.

OhridNews