Енис Барди поради повреда нема да биде во составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварите против Словенија (10. октомври) и Полска (13. октомври), од квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Селекторот на репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар.
Собирот на А репрезентацијата е закажан за денеска кој ќе означи почеток на мисијата Словенија и Полска. „Црвено жолтите“ со 8 бодови се наоѓаat четвртата позиција во групата со шанси да се замешаaт за првите две позиции на табелата.
OhridNews