Фудбалерите на Леванте и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите, ремизирајќи 1-1 (1-1), во заостанатиот натпревар од шпанската Ла лига.
Погодоците на „Сиутат Валенсија“ паднаа во првите 45 минути. За Леванте прв пат сезонава погоди македонскиот репрезентативец Енис Барди. Тој после добро организиран контра напад изби сам пред Јан Облак и со рутинска завршница го совлада. Пред крајот на првиот дел „јорганџиите“ израмнија преку Маркос Љоренте. Во второто полувреме, Атлетико Мадрид беше подобриот тим. Најзрелата прилика за погодок ја имаше Анхел Кореа но на празна мрежа од неколку метри биеше над голот.
Лидерот Атлетико Мадрид со освоениот бод се одлепи на шест од второпласираниот Реал Мадрид, додека Леванте со 28 бодови котира на средината од табелата.
OhridNews