Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди имаше одлично деби во дресот на Трабзонспор во турскиот шампионат.
Барди синоќа на гостувањето во Анталија постигна два гола, но не успеа да го спречи поразот на неговиот тим. Анталијаспор победи со 5:2.
Барди погоди најпрво го намали резултатот на 2:1 во финишот на првото полувреме, а во 73. минута израмни на 2:2.
Со оглед на тоа што Барди во игра влезе во 43.минута и одигра нешто повеќе од едно полувреме, а постигна два гола, може да се каже дека тој беше најдобар фудбалер во гостинската екипа.
Трабзонспор по три одиграни натпревари има шест бода и во моментов е на 6. место во Суперлигата.
Во следното коло, на 28 август тимот на Барди ќе го пречека Галатасарај.