Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, откако потпиша договорот со екипата на Мајорка. Трајковски се обврза на четиригодишна соработка со членот на најсилната фудбалска лига во Шпанија.

  • Среќен сум што ќе бидам дел од тимот на Мајорка и овој одличен проект. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона. Брзо се договоривме и предизвик ми е што ќе игра во шпанската Примера. Едвај чекам да започнам со тренинзи со мојата нова екипа. – изјави македонскиот репрезентативец.

Трајковски во Мајорка се пресели како слободен фудбалер после исфрлувањето на Палермо од Серија Б во Серција Ц лигата. 26-годишниот фудбалер во дресот на Палермо помина четири сезони. Тој собра 130 настапи а 20 пати се запишуваше во листата на стрелци.

Кариерата во Македонија, Трајковски ја започна во Цементарница а потоа од Интер Запрешиќ се пресели во Белгија и заврши во Палермо. Трајковски ќе биде втор Македонец во шпанската Ла Лига и друштво ќе му прави на Енис Барди кој е дел од тимот на Леванте.

OhridNews