Шпанскиот актер Хавиер Бардем добил своја ѕвезда на патеката на славните во Холивуд во Лос Анџелес, пред американската премиера на најновиот филм за Џејмс бонд “Skyfall”, во кој го толкува ликот на главниот негативец. Изјавил дека никогаш не помислувал дека ќе му биде укажана таква чест. Има 43 години и е добитник на повеќе награди за своите остварувања.
Режисерот Сем Мендес му ја доверил улогата во филмот “Skyfall”, најдолгиот филм за Џејмс Бонд, чија светска премиера била на 26 октомври. Бардем снимил повеќе од 30 филмови, меѓу кои „Љубов во Барселона“, „Нема земја за старци“, „Високи потпетици“, „Јади сакај моли“ и многу други.