Прилагодувајќи се на новите модни трендови, компанијата Мател однеодамна на пазарот исфрли барбика со нов, еластични и прилагодливи стопала. Имено, стопалата на познатата кукла отсекогаш беаанатомски обликувани за високи потпетици. Новата барбика, пак, сега има стопала кои по желба можат да се прилагодат на рамни чевли, односно на чевли со високи потпетици.

 

Многумина сакаат промените на Барбиката да не завршат само на нејзините стопала, туку куклата да добие и малку поголеми гради, како би личела повеќе на денешните млади девојки, но признаваат дека и ова е добро за почеток. Новата “Barbie Fashionistas” ќе биде достапна во седум бои на кожата, 18 бои на очите, 22 фризури и 23 бои на косата.