Една барбика со дијамантска огрлица околу вратот била продадена на аукција во Њујорк за рекордна сума од 302 илјади долари. Оваа кукла, која можат да си ја дозволат мал број девојчиња, е облечена во црн свечен фустан, а околу вратот носи дијамантска огрлица на која посебно се истакнува еднокаратен розе дијамант.
Огрлицата е дело на австралискиот златар Стефан Кантури, кој како што вели, сакал на популарната кукла да и даде модерен изглед. Претходниот рекорд го држела барбика која 2006 година била продадена за 17 илјади долари. Сиот приход од продажбата на барбиката ќе биде дониран на фондацијата за борба против рак на дојката.