Американската актерка, пејачка и режисерка Барбара Стрејсенд ќе пее следниот месец на свеченото доделување на Оскарите, што ќе биде нејзин прв настап на оваа церемонија во последниве 36 години. Ѕвездата која има 70 години добила Оскар за најдобра оригинална нумера во 1977 за песната “Evergreen”. Истата вечер настапила со темата од филмот „Ѕвездата е родена“.

Барбара има и Оскар за најдобра актерка кој го освоила во 1968 година за улогата во филмот „Смешна девојка“. Американската филмска академија соопштила во средата дека и британската пејачка Адел ќе настапи на церемонијата. Адел заедно со продуцентот Пол Епворт е номинирана за Оскар за најдобра песна за темата “Skyfall” од истоимениот филм за Џејмс Бонд.