„Омилена музика ми е таа која содржи емоции. Иако јас сум оперски образована пејачка џезот е музика која ме исполнува и сакам да ја изведувам“, вели Брабара Хендрикс, водечкиот сопран во светот која вечерва ќе настапи на фестивалот Охридско лето. Хендрикс ќе одржи цез концерт на Античкиот тетар во Охрид кој досега не го видела, но како што вели многу пати во кариерата настапувала на таква сцена на летни сезони и не очекува да има неков проблем.
Хендрикс во Охрид ќе ја придружува шведскиот квартет Магнус Линдгрен, а ќе бидат изведувани познати џез дела од Били Холидеј, Дјук Елингтон, Џорџ Гершвин и други. „Во Охрид ќе имам џез концерт, но би сакала да се вратам тука повторно и да настапам со класична музика“, изјави Хендрикс на прес конференцијата што се одржа денеска.
Барбара Хендрикс (во средината)
Барбара Хендрикс е прва ѕвезда на годинашново Охридско лето. Таа е водечки светски сопран, питомец на реномираната Џулијард-школа, почесен доктор на повеќе европски и американски универзитети, член на Шведската музичка Академија, општествен деец познат по хуманитарните мисии, одликувана со ”Витез на Почесната Легија”.
Музиката ме направи жител на светот и чувствувам одговорност дека треба да да им помагам на тие што им треба помош, вели Хендрикс, која има своја фондација која се грижи за образованието на децата бегалци.
Концертот на Барбара Хендрикс во Охрид започнува во 21 ч.
Г. Момироски