Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), на утрешниот состанок треба да донесе конечна одлука за Европското првенство и бараж натпреварите, натпреварите од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Најмногу на удар од опасниот коронавирус се најде спортот кој е парализиран во целиот свет.

Гласините од УЕФА се дека континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации од Европа ќе се одржи следната 2021 година. Баражите за пополнувањето на местата на ЕП ќе се играат во септември и октомври. Помеѓу селекциите учеснички во баражите е репрезентацијата на Македонија. „Црвено жолтите“ на домашен терен треба да се сретнат со Косово во полуфиналето од баражот во Д групата од Лигата на Нации.

Одложувањето на ЕП, ќе донесе простор за мирно завршување на првенствата во националните шампионати. Во најдобар случај, сезоната ќе продолжи во мај и би траела до крајот на јуни.

Сите овие прогнози ќе се остварат, ако коронавирусот се повлече и животот се врати во нормала.

OhridNews