Судиската организација ги одреди арбитрите за бараж натпреварите за учество во Првата македонска фудбалска лига следната сезона.

Натпреварот Ренова – Охрид, кој ќе се одигра на терените од Фудбалската федерација на Македонија ќе го суди Александар Грујоски. На кичевчанецот ќе му помагаат Лика Куштрим односно Зоран Јанкулоски. Четврти арбитар е Марјан Стојаноски. 

Во вториот натпревар Силекс – Тиквеш главен судија ќе биде охриѓанецот Марјан Ецкоски. На Ецкоски ќе му помагаат Слаѓан Маркоски односно Даниел Василевски. Четврти арбитар е Јован Качевски.

Натпреварите се играат во 16 часот.

OhridNews

 

Фото: „Рибарите“ комплетни отпатуваа за Скопје во битка за прволигашкиот билет