Викендов, на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одиграат полуфиналните мечеви од баражот во Општинската фудбалска лига.

В сабота со почеток во 17 часот први на мегдан ќе излезат екипите на Воска и Свети Петар, додека в недела во 13 часот силите ќе ги одмерат Дебрца – Рудар.

Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат во финалето од баражот, а подобриот од таму ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Двојки:

Воска – Св. Петар (сабота 17ч)

Дебрца – Рудар (недела 13ч)

OhridNews