„Овие барања се достапни за сите заинтересирани граѓани кои што сакаат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект. Во самите барања се наведени документите кои се потребни за да се комплетираат истите“, се наведува во соопштението.
Истовремено се најавува дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неговите соработници од денеска ги започнуваат посетите на општините со цел поблиско информирање на граѓаните за процесот кој ќе биде реализиран со Законот за постапување со бесправно изградени објекти.