Властите во Кина започнале истрага против рударската компанија Хохот Кекао поради сомневање дека барајќи злато го оштетиле Кинескиот ѕид. Компанијата ги игнорирала бројните предупредувања да ги прекине работите во Монголија, на северот од Кина, и направила неколку дупки во Ѕидот.
Настојувајќи да го зачува големиот ѕид, кој е сврстен во седумте светски чуда, Кина усвоила нови закони со кои ѕидот го штити од оштетувања предизвикани од можни прослави, графити, недозволени доградби и слично. Една неодамна спроведена студија открила дека ѕидот е долг дури 8851 километар. До тогаш се сметало дека неговата должина изнесува 6300 километри.