Трагајќи по деликвентите кои на југот од Англија ги расипувале сопирачките на автомобилите и ги сечеле телефонските кабли, полицајците конечно ги откриле сторителите. Станувало збор за група верверици. Полицијата во англискиот град Свиндон бара сведоци во надеж дека ќе ги пронајде виновниците за направената штета.


Портпаролот на полицијата рекол дека сопирачките на седум автомобили, како и телефонски кабли во оваа област биле уништени. После детални анализи на каблите утврдиле дека сторителите се верверици.