Разведената Сара Кемп се пријавила на една интернет страница како би пронашла сродна душа. Била воодушевена од Џорџ Бентли. Размениле адреси и фотографии, а бидејќи многу добро се сложувале, по три месеци допишување се договориле да се сретнат во Лондон. Меѓутоа откриле дека имаат многу повеќе заедничко отколку што очекувале, односно заеднички родители.
Нивните родители Фелисити и Дејвид Бентли се развеле 1975 година. Тогаш Сара која имала 6 години отишла да живее со мајката во Единбург, додека Дејвид отишол со таткото во Лондон. Не останале во добри односи и децата изгубиле контакт. Откако пораснале се обидувале да се пронајдат, но имале премалку информации еден за друг. Сара се омажила е се развела, но го задржала презимето на сопругот.