Една малезиска проститутка уапсена во полициска акција побарала од судот да ја казни со што подолга затворска казна за да се храни бесплатно. Ајаб ја признала вината пред судот во Куала Лумпур за нудење сексуални услуги на полицаец во цивилна облека.
Признанието го доставила со молба до судот да ја осуди на подолга казна. МЕдиумите наведуваат дека се жалела на друг судија која за сличен прекршок минатата година ја осудил на само еден месец затвор.