Адам Пацити,24 годишен невработен дечко, на интересен начин одлучил да им даде до знаење на работодавците дека бара работа. Адам, всушност ги потрошил последните 500 фунти на џамбо постер, на кој напишал дека барал работа. Исто така направил и интернет страница, преку која на потенцијалните работодавачи им нудел информации. 

До ваквата идеја дошол откако секој ден трошел по 6 саати безуспешно испрајќајки св. Овој млад продуцент со ваквата идеја се надева дека ќе дојде до работа. Тој исто така постанал сензација на Твитер. Откако ја објавил својата страница, истата била споделувана отприлика по 10 пак во саат време. Исто така неговиот телефон нон стоп звонел. Неговите џамбо постери за наоѓаат во Лондон, бидејќи сметал дека овој милионски град има најмногу можности и постои најголема веројатност дека некој би го забележал.