Изгубено богатство пронашол нуркачот Бил Барт. Тој наместо потонатата шпанска галија „Nuestra Senora de Atocha“ од 17 век, пронашол 100 години стар златен ланец кој имал 55 алки, црн емајлиран крст и медалјон кој ја прикажува Дева Марија со натпис на латински. Експертите ја процениле вредноста на ова парче стар накит на околу 150 илјади евра.
Се претпоставува дека ланецот е дел од богатство кое се наоѓа во пределот на галијата која потонала 1622 година во близина на островот Драј Тортугаса, а која сеуште не е пронајдена. Нуркачите со децении го пребаруваат дното на карипскиот басен во потрага по изгубените богатства на шпанскиот брод.