Поради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Струга приведено е 45-годишно лице од струшкото село Велешта.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, претходно, пријавениот влегол во казиното и со заканувачки зборови, од благајникот побарал пари по што, почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Неговиот агресивен однос продолжил и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале. Кон нив упатувал серија закани и навреди, фрлал со предмети при што го оштетил предното стакло од полицискиот автомобил. Во еден момент, пријавениот ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека ќе ја активира бомбата што ја носел.

Со брза реакција, тој е совладан и лишен од слобода.

OhridNews