Во една куќа во Полска упаднал провалник, кој украл мачка, а потоа од сопственикот барал откуп од милион евра. Мачорот Цезар, миленик на дванаесетгодишниот Давид Кисиелевски, бил украден минатиот месец од куќа во полскиот град Мисловице. Момчето, мислејќи дека мачорот побегнал, ставил негови слики по бандерите, но неколку дена подоцна бил повикан од крадецот кој побарал откуп од милион долари.
Неговите родители изјавиле дека немаат толку пари, а доколку не го врателе мачорот Давид ќе бил многу тажен. Цезар припаѓал на ретка врска, но неговата цена сигурно не преминувала 600 евра. Полската полиција се обидува да влезе во трага на крадецот на мачката. Портпаролот на локалната полиција изјавил дека лицето кое бара откуп за украдени нешта од друга личност, може да биде казнето со затворска казна во траење од неколку години, а овој крадец сигурно ќе добие максимална казна.