Охриѓанецот Никола Бараковски беше единствениот македонски преставник на 18-тиот Светски Шампионат во слободно летање со змаеви што се одржа во Монте Куко, Италија. Во поединачен пласман тој го освои 84-тото место во конкуренција од 154 пилоти од 37 земји.

 

– Ова за мене беше прв настап на натпревар од овој калибар и со оглед на квалитетот на пријавените пилоти постигнатиот резултат беше во границите на моите очекувања. Од  друга страна се покажа дека можам многу подобро и дека моите квалитети се поголеми од поголемиот дел пилоти така да на крај не бев задоволен од постигнатото. Нажалост лошото време фрли сенка врз целиот натревар дозволувајќи да се зададат само 2 трки, доволно да натпреварот биде официјално успешен но не и да се добие вистинска слика во рангирањето – рече Бараковски.


Охриѓанецот очекува дека ќе се изнајде начин но и средства за учество на следниот Светски шампионат кој ќе се одражи 2013 година во Форбс – Австралија.

М.П.