Последниве 15 години имам можда 90.000 евра потрошено во Охрид.
Инвестиција во локалната економија.
Деведесетилјади евра, за скоро 30 посети/одмори во Охрид.
Е па и јас сакам некоја Охридска награда!
А јас? Член од македонската дијаспора. Тие 90.000 евра се од срце потрошени за леб, за лубеници (кај Струмичанине што чекаат муштерии со комплетна фамилија в камионче), во Фото Рекс, во пазарон, за влечки, за чорапи (3 за 100 денари), по интернет кафани, по таксисти, за бакшиши, по рент а кар агенции, по ресторани, ноќни клубови, кафиќи, златари, за свадби, за крштевки и за родендени, во бутици, фризерски салони, за семки, по бурекџилници. За хуманитарна помош. За топли варени ченки и крофни (од еден старец од село Лакочереј, со ретро-точак и една кошница секое лето е по плажине), за питачи, пари за различни цркви, по супермаркети, за сметки, за домашни материјални работи, за ѓеврек, приватни трошоци по доктори, за блиски што немаат доволно финансиски средства за основни работи во овој тежок живот, за секакви (многу) други, разни работи. Ете тука се отприлика тие 90.000 евра. Затоа и јас сакам некое Охридско признание!
Лето 2009. Ми се претстави едно детенце од 7-8 години. Кај чинарон. Парталосан. Без надеж и со несигурни перспективи. Ми понуди културно да прочитам едно писменце со лош ракопис. Порака од татко му. Мајка му демек се лечела в болница. А типчево се грижел сега за целата фамилија. Сам. Планинска тежина на неговите слаби раменци. Што да правиш? Дали ова е вистина или лага? Комплицирана дилема во летна, загушлива пекара. Сонцето печит, душава барат ладен чај. Да му држам една позитивна моралистичка лекција? Да го земам дома, да се истушира, да му донирам нова гардероба? Што повеќе зборувавме не ми изгледаше толку мизерно и шокантно. Сите знаеме дека тој секундарно ќе си продолжи со истиот живот. После нашата прва средба случајно го скенирав неколку пати по улиците. Парадираше ко струја в чаршија. Ко змија. Со истите пантолони, со истото блузиче, со истите патики, со истите финти, мимики, анегдоти, со истиот детски шарм, и да, со истото изгужвано несфатливо писменце. Искрено: неколку пати го израдував со 100 денари. Ајде што да прам, за се што ќе направиш не одговараат. Но, мило ми е што му помогнав на едно анонимно дете. Затоа и јас сакам некоја Охридска награда!
Моментално во Копенхаген сите светски лидери на клима-конференција дискутират за подобра и трајна, чиста планета. Според мене е време за важен, зелен чекор во Охрид. Симболична, политички коректна награда за борбата од екологистите. Овие визионери се грижат за зеленилото по планинине, за езероно и за целосно чиста животна средина во Охридскиот регион. Зелениве активисти се свесни дека климатските промени, уништувањето на екологијата и езероно ќе бидат катастрофа за иднината на Охрид.
А “портокаловата бригада“ се моите охридски херои! Во летна сезона работат турбо во утринските часови. „Удри-брига-на-веселје“-карактери собираат секој ден ненормален, огромен отпад. Во прекрасна тишина редовно ги опсервирам со почит. Го средуваат хаосот со класични метли покрај кејот и паркон. Од мостон до в чаршија. За да можеме ние преку ден да уживаме во средена и чиста околина. И да си коментираме: леле колку е убо…..
Влатко де Вриеж
Амстердам-Холандија.