Претседателот на САД, Барак Обама, кој на средината на јануари испеал неколку стихови од песната “Let’s Stay Together” на Ал Грин, добил покана да настапи во емисијата „Американски идол“, пренеле медиумите. Продуцентот на шоуто Нејџел Литгоу бил воодушевен од неговата изведба.

Поради тоа преку друштвената мрежа Твитер го повикал да дојде во емисијата и да ја испее песната заедно со Ал Грин. Нејџел во пораката напишал дека им се допаѓаат неговите гласовни способности и дека би сакале да го повикаат да присуствува во емисијата „Американски идол“ и да отпее дует со Ал Грин.