Претседателот на САД Барак Обама бара експерт за медиуми кој ќе биде задолжен за неговите „Мај Спејс“, „Твитер“ и „Фејсбук“ страници. Во апликацијата за работата е наведено дека кандидатот мора да биде спремен за напорна работа и посветеност, бидејќи не се работи за класична работа која се работи од девет до пет.


Во описот на работното место било наведено дека е неопходна способност за организирање, чувство за водење кампања, како и можност да се нагласуваат пораките кои ќе ги мотивираат луѓето да дејствуваат. Користењето на новите технолошки можности станало распространето меѓу политичарите во светот кои н  овој начин се обидуваат да и се приближат на пошироката јавност.