Еден жител на Холандија стар 76 години останал заробен во еден контејнер за одлагање отпад во Амстердам во кој упаднал барајќи лото ливче. Полицијата во Амстердам соопштила дека старецот го отворил контејнерот и влегол во него мислејќи дека по грешка го фрлил лото ливчето заедно со некои стари хартии.
Како што пренеле медиумите, минувачите ги слушнале повиците на несреќниот човек и ја алармирале полицијата која го извлекла од контејнерот со помош на пожарникарите. Меѓутоа, лото ливчето не било пронајдено.