Дневниот ред на денешната 61 седница на Собранието, не беше дополнет со предло-законот за укинување на т.н. Пржинска влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека предлог-законот е доставен во Собрание, не е дистрибуиран до пратениците, во моментов е во превод и додаде дека многу брзо ќе се преведе од службите. Потсети на законските рокови и процедури и рече дека сега нема предуслови да се стави на гласање. Според него, и ДИК треба да се изјасни за рокот за спроведување на изборите.

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 61-та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дополнување на дневниот ред со предлог-закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка.

Појасни дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесуваат овој предлог-закон во скратена постапка од една и единствена причина или да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше. Додаде дека се работи за мали измени, односно бришење на одредени одредби од законот.

Имено,   со овој предлог закон се тргаат одредбите кои се однесуваат на т.н Пржинска влада, односно 100 дена од формирањето на Владата, поставување на нејзините министри и заменици министри, како и начинот на нејзино функционирање.

 

OhridNews