После пет години забавување со Леонардо ди Каприо се очекувало дека ќе и биде потребно малку време да влезе во нова врска.
Сепак, манекенката Бар Рафаели ужива во годишниот одмор во Сан Тропе со новото момче Дејвод Фишер.Парот се шетал по Сан Тропе, посетувале луксузни бутици, каде Бар купувала фирмирана гардероба.
После тоа се вратиле во пристаништето каде изнајмиле мал брод кој ги превезол до јахтата на која престојуваат. Ова е втор пат Бар Рафаели и Дејвид Фишер да се видени заедно.
Минатата седмица заедно биле во родниот град на моделот Тел Авив. Бар раскинала со Леонардо ди Каприо во мај и оттогаш медиумите ја поврзувале со голем број момчиња.