Израелскиот супермодел Бар Рафаели моментално се одмара во Грција, а со своите фанови на Твитер поделила и една фотографија од актуелното летување. Преубавата манекенка која цело лето се наоѓа на Медитеранот на фотографијата напишала дека се обидува да научи да игра стомачни танци во Грција.
По раскинувањето со долгогодишното момче Леонардо Ди Каприо, Бар решила да ужива со сета своја снага, па така прво била во Сен Тропе, на Миконос, Сардинија, а сега повторно се вратила на грчкото крајбрежје.