Супермоделот Бар Рафаели објавила на Твитер фотографија на која стои пред писоар и наводно уринира како маж. Убавицата на овој начин ја поддржала борбата за правата на траснтродните лица, во рамките на Парадата на гордоства во Тел Авив. Манекенката на фотографијата носела шорц и високи потпетици, а позата која ја зазела е како кај мажите кога вршат мала нужда.
Покрај фотографијата го оставила следниот коментар: „Гејови, лезбејки, бисексуалци и транссексуалци, сите се еднакви“. Русокосата и самата присуствувала на парадата, бидејќи моментално се одмара во родниот Израел, додека не започне со работа на нови проекти.