Иако неодамна раскинала со Леонардо Ди Каприо, Бар Рафаели ужива во животот и ги заведува мажите ширум светот, што покажала и во новиот едиторијал за списанието “GQ”. Имено, Бар Рафаели се фотографирала топлес за италијанското издание на списанието за мажи “GQ” и ги воодушевила своите бројни фанови.
Убавата израелка позирала во војничка облека, додуша стилизирана и многу скромна. Познато е дека побегнала од Израел кога требало да служи во армијата, па најверојатно на нејзините сонародници нема да им се допадне што на ваков начин се фотографира во војничка униформа.