Манекенката Бар Рафаели, која неколку пати била прогласувана за една од најубавите жени на светот, изјавила дека би сакала да се омажи за пејачот Џастин Бибер, и дека многу и се допаѓа актерот том Круз. Убавицата рекла дека како тинејџерка сонувала да има момче кое се занимава со пеење.

Рекла дека таа и Џастин еден ден ќе се венчаат. Додала и дека и се допаѓа Том Круз кој бил многу отмен. Откако раскинала со Леонардо ди Каприо во мај минатата година, убавицата немала момче, а неодамна изјавила дека момчињата не и приоѓаат често.