Познатата манекенка од Израел Бар Рафаели на Инстаграм објавила фотографија од одморот на Тајланд, на која се гледа како на плажа потполно опуштено пие коктел. Освен што изгледа среќно и задоволно, може да се забележи дека топ моделот нема ни капка шминка.
И покрај тоа таа изгледа фантастично. Убавата Бар одлучила накратко да побегне од бројните обврски и малку да се опушти, а преку социјалната мрежа на своите фанови им порачала дека „Кокосот е се што ни е потребно“.