Заносната манекенка Бар Рафаели продолжува да измамува воздишки кај машката популација објавувајќи фотографии на популарната мрежа Инстаграм, овој пат фотографирајќи се на јахта во тесно бикини.

Манекенката под фотографијата на која позира пред израелското знаме го оставила следниов коментар: „Израелска вода + Јордански планини = совршен викенд“. Сите фотографии биле снимени во Тел Авив, а на една од нив манекенката може да се види како весла на даска за сурфање.