Израелската убавица и ова лето успеа да засени многу свои колешки кога се појави во минијатурен костум за капење. Бар Рафаели моментално престојува во родниот Израел, а дека одморот и тоа како и годи покажа со фотографии кои ги постави на социјалните мрежи.

 

Славниот супермодел се фотографира на една плажа каде позираше во бикини и со шешир на главата. Во центарот на вниманието била нејзината завидна фигура, поради која доби и неофицијална титула кралица на бикинито. Таа под фотографиите напиша: „Без филтер, чисто уживање“.