Додека поголемиот дел од светот го чекаше доаѓањето на Новата 2016 година, оваа убавица правеше нешто сосема друго. Израелската манекенка Бар Рафаели на својот профил на Инстаграм објави фотографија од позитивен тест за бременост, а илјадници обожаватели веднаш и испратија честитки за радосната вест.
Познатата манекенка и поранешен ангел на Викторија Сикрет покрај емотивната фотографија напиша дека Новата година ќе биде во знакот на бебето и шишенцето. Посака среќна и здрава 2016 година. Убавицата минатата година во Израел се венча за долгогодишното момче Ади Езра, бизнисмен кој има компанија за увоз на храна.