Заносната манекенка Бар Рафаели на која сите и завидуваат на темниот тен, одличната фигура и долгата руса коса ги изненадила своите фанови на Твитер кога поставила фотографија на која има кратка смеѓа коса. Израелската убавица не личела на  себе со смеѓата коса, широката бела маица и долната облека која ја носела.


Гламурот и сјајот на кој сме навикнати секогаш кога ќе ја видиме поранешната девојка на Леонардо ди Каприо на црвениот тепих, не може ниту да се насети на оваа фотографија. Бар Рафаели не оставила никакво објаснување на друштвената мрежа по изненадната промена на имиџот.