Супермоделот Бар Рафаели се нашла на самиот врв на листата топ 100 најсексипилни жени за 2012, според изборот на машкото списание „Максим“, пред Оливија Мун и Мила Кунис. Откако дознала дека е прогласена за најсексипилна жена на годината, Бар своето задоволство го изразила на Твитер налогот, каде напишала дека е почестена што е прва на листата „Maximhot100“.

Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо ја претекнала Оливија Мун, која е на второто место втора година по ред. Ѕвездата на филмот “Friends With Benefits, актерката Мила Кунис, се искачила од петтото на третото место, а зад неа се нашла пејачката Кети Пери. Атрактивната актерка Шарлиз Терон се нашла на 16. место, за веднаш по неа следувала Скарлет Јохансон.