Супермоделот Бар Рафаели пред неколку дена го кажа судбоносното „да“ и се омажи со бизнисменот Ади Езру после година дена врска. Поранешната девојка на леонардо ди Каприо по втор пат заплови во брачните води, а венчавката се одржа во нејзиниот роден Израел, во Кармел Форест Спа Ресорт на отворено, пред 300 поканети гости.
Манекенката се пофали со фотографија од венчавката покрај која напиша: „Ова е најсреќниот ден во мојот живот, се омажив за најдобриот пријател“. Таа блескаше во венчаница на „Chloe“, а додека шеташе кон олтарот, познатиот израелски пејач Шломи Шабат ја пееше песната “The Beginning of the World”. Славната убавица подоцна се пресоблече во фустан од истата дизајнерска куќа. Ова за манекенката е втор брак, а претходно во 2003 се омажи за Арик Вајнштајн, од кого се разведе после само две години. Исто така позната е и по врската со Леонардо ди Каприо која траеше неколку години и која конечно заврши во 2011 година.