Израелската манекенка Бар Рафаели побегнала од мрачниот и снежен Њујорк во потоплите краеви како би го прославила Божик на плажите во Бразил. Оваа убавица на сите верници им посакала среќен Божик и Ханука, така што на својот Твитер профил ставила фотографија на која седи на плажа и пие коктел од кокосов орев.
Таа на одмор во Бразил отишла со тројца свои пријатели, а на профилот под фотографијата напишала „Среќни празници!“. Во моментов се наоѓаат во регионот Баија, каде уживаат во морето и сонцето.