Ираелската манекенка Бар Рафаели покажала поради што мажите ширум светот лудуваат по неа. Оваа убавица надвор од модните писти ретко кога можете да ја видите нашминкана, но и понатаму со својата убавина привлекува внимание каде и да се појави.
Бар Рафаели се фотографирала во провод со своите пријателки без капка шминка и средена фризура. Многумина коментираат дека главни адути на оваа убавица се широката насмевка и зелените очи со кои своевремено го освоила и славниот холивудски актер Леонардо ди Карпио.