Познатата британска авиокмпанија и туристичка агенција „Томас Кук“ и официјално банкротира и автоматски престана со работа, оставајќи на цедило илјадници туристи низ целиот свет, на кои хотелите каде требало да бидат сместени им ги затвориле вратите.
Само во Дубровник во моментов има 190 туристи кои допатувале вчера со авион на „Томас Кук“. Тие чекаат англиските власти да организираат нивно враќање затоа што не можат да ги реализираат аранжманите.
Се очекува банкротот на „Томас Кук“ да афектира 600 000 туристи со склучени аранжмани. Што се однесува до авионските летови, единствено тие што имаат билети за наредните две недели можат да се надеваат дека „бесплатно“ ќе бидат превезени, но на датум што е можно поблизок до резервираниот.
Банкротот на „Томас Кук“, која не успеала да ја обезбеди потребната банкарска гаранција од 200 милиони фунти за да продолжи со дејноста, се очекува без работа да остави 9000 лица.
OhridNews