Фудбалскиот клуб Локерен од Белгија не успеа да се избори со финансиската криза настаната од паузата во фудбалот поради пандемијата на коронавирусот и прогласи банкрот.
Клубот кој е основан 1923 година должен остана 5 милиони евра. Еден од најстарите белгиски клубови имаше забележителни резултати последнава деценија триумфирајќи два пати во Купот на Белгија.
Многу ми е жал, но морам признам дека и покрај сите напори не успеав да се изборам со кризата. Не успеав да најдам инвеститор кој ќе ни ги покрие трошоците во висина од 5 милиони евра. – рече првиот човек на клубот, Луј де Фрај.
Локерен е втор клуб во европски рамки кој банкротираше. Прв беше клубот Жилина од Словачка.
OhridNews