На американскиот актер Николас Кејџ, во последно време го мачат сериозни финансиски проблеми. Неодамна се појавил шпекулации дека се наоѓа пред банкрот. Американските медиуми пренесуваат дека една градежна фирма подигнала тужба против актерот поради неплаќање на кредит од околу 3 милиони евра.
Адвокатите на фирмата “Red Curb” тврдат дека Кејџ севкупно им должи околу 20 милиони евра, во што се вклучени и каматите и административните трошоци. Кејџ претходно беше тужен од поранешната сопруга и од една банка.