Ресторанот на Џејми Оливер во Турција пропаднал само 14 месеци после спектакуларното отварање во луксузниот трговски центар Зорлу. Ресторанот, кој на терасата може да угости 200 лица, западнал во финансиски тешкотии до кои дошло поради ниските цени и слабата посетеност. Портпаролот на ланецот ресторани Питер Бери тврди дека и покрај банкротот ресторанот нема да биде затворен.
Бери рекол дека „Jamie’S Italian“ во Истамбул работи добро, но моментално е во преговори околу работењето и стандардна процедура било да се бара заштита од судот од побарувачите додека траат преговорите. Турскиот економист Озгур Алтуг тврди дека речиси на сите други ресторани им оди добро и дека тоа нема врска со еконимијата. Тој појаснил дека турците не се воздржуваат да јадат во ресторани, па дури и кога се тешки времиња. Ланецот ресторани „Jamie’S Italian“ почнал брзо да се шири од основањето во Оксфорд 2008 година и сега има повеќе од 30 ширум светот.