Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн организирал аукција на предметите кои се во сопственост на неговата поранешна сопруга Бритни Спирс. На аукцијата ќе се најдат предмети како што се заеднички фотографии, шешири, белешки, а најбизарното нешто кое го продава се поканите за нивната венчавка одржана во 2004 година. Почетната понуда за поканата е 1000 долари, а понудувачот смета дека нејзините фанови ќе платат многу повеќе.


Причината поради која Федерлајн се одлучил на ваков потег е тоа што наводно се наоѓал пред банкрот. Еден од предметите кои ќе се најдат во рацете на оној кој ќе понуди најмногу е и фотографија на пејачката која била снимена пред нејзиното породување со првото дете.